Оссумина мајстори на пекарата „Којник“ денеска ја донесоа 45 килограми тешката џиновска пита пастрмалија на манифестацијата велешка Питијада.
Традиционалниот велешки специјалитет годинава е за триесет сантиметри подолг од ланскиот.
Пита-мајсторите Александар Миладиновски, Аце Брлев, Орце Димовски и Сашко Стојков не го криеја задоволството што успеаја да го урнат ланскиот личен рекорд кога подготвија пита долга 3 метри и 20 сантиметри.
Годинава џиновската пастрамалија е долга 3 метри и 50 сантиметри. Цели пет часа ја подготвувале питата, вели главниот мајстор Александар Миладиновскии. Во неа ставиле 25 килограми тесто, 20 килограми свинско месо, 200 јајца и количина на пастрма која не ја открја, како што не ја открија ниту тајната за печењето на пастрмалијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.