| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган остро го осуди нападот во Анкара

Пред денешниот планиран марш на мирот во знак на протест поради судирите меѓи државата и курдските милитанти во југоисточна Турција, во Анкара одекнаа две експолозии во кои загинаа најмалку 30 луѓе, а 126 се повредени. Екслозијата се случи во близина на главната железничка станица. Истражен тим смета дека за експлозиите одговорен е бомбаш-самоубиец

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди нападот во Анкара, при што загинаа најмалку 30 луѓе.

Тој наведе дека нападот е насочен против мирот и единството на земјата и апелира за „солидарност и одлучност како најправилен одговор на теророт“.

„Остро го осудувам гнасниот напад врз нашата земја. Најправилен одговор на таквата појава на тероризам ќе биде да ја покажеме нашата солидарност. Нашата држава и сите институции работат на случјот. Убеден сум дека виновниците ќе бидат откриени и изведени пред суд во најкраток рок“, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Пред денешниот планиран марш на мирот во знак на протест поради судирите меѓи државата и курдските милитанти во југоисточна Турција, во Анкара одекнаа две експолозии во кои загинаа најмалку 30 луѓе, а 126 се повредени. Екслозијата се случи во близина на главната железничка станица. Истражен тим смета дека за експлозиите одговорен е бомбаш-самоубиец.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара

– Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на демократијата – истакна Јагланд.

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до Ердоган поради жртвите во Анкара. Путин изрази подготвеност за соработка со Турција во борбата против тероризамот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top