До крајот на оваа година или почетокот на следната започнува тендерот за вториот дел на жичницата на Водно, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и додаде дека ова ќе биде голем придонес за Градот Скопје.
– Ќе биде поделена во две фази- ќе се пробива, односно спушта жичницата до средината на Скопје, втората фаза е до болницата Козле, а третата фаза е уште еден крак кој дополнително ќе се гради. Сега сме во разговори со компаниите за да видиме колку е нивниот интерес присутен и дали би се нафатила некоја од тие компании за да можеме да распишеме тендер, а Министерството го завршува инфраструктурниот проект што е потребен за добивање одобрение за градење – истакна министерот Мисајловски на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, во организација на Институтот Павел Шатев.
Министерот додаде дека се работи ефективно и можно е овој проект да биде почнат и пред ветеното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.