Желудочни грчеви, гасови и надуеност се само некои од симптомите за стрес, вирусни инфекции или неправилна исхрана. Без оглед на причините, на желудникот некогаш едноставно му треба одмор, а во тие случаи најдобро е да се консумираат овие намирници.
Нане
Чајот од нане ќе го намали грчењето на желудникот и надуеноста. Истовремено ќе го опушти подрачјето помеѓу хранопроводот и желудникот, но и ќе ве доведе во опасност од добивање на киселини (ако сте склони кон киселини подобро е да го смирите желудникот со нежен чај од камилица). Избегнувајте мастики за џвакање од ментол без шеќер затоа што вештачките засладувачи можат да предизвикаат надуеност, гасови и подждригнување.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет ќе го смири вашиот желудник кога изворот на грчевите е во мањакот од желудочна киселина. Освен тоа, јаболковиот оцет содржи и доста хранливи материи како витамин Б и Ц кои дополнително ќе ја подобрат состаојбата на вашиот организам: Ако ви е пресилен вкусот на оцет, помешајте го со малку вода и мед.
Ориз
Белиот ориз е лесно сварлива намирница која содржи доста скроб и ја заштитува обвивката на желудникот. Оризот е секогаш добро да се јаде, а особено во моменти кога страдате од диареја предизвикана од некој тип на стомачен вирус.
Ѓумбир
Ако сакате да го намалите чувството на мачнина или нагонот за повраќање – земете ѓумбир. Оваа коренеста билка има карактеристики што ги намалуваат тие непријатни последици. Се што треба да направите е да прелиете врела вода врз парчињата свеж ѓумбир, да оставите да отстои неколку минути, а потоа полека да ја испиете течноста.
Банани
Бананите се одличен избор за оние кои често страдаат од прилив затоа што ова тропско овошје содржи елементи што ќе ја зацврстат вашата столица. Освен тоа, претставува и богат извор на калиум кој го јакне имунитетот после долготрајна болест.
Тост
Мора да се јаде дури и кога имате желудочни тегоби. Тогаш ќе ви годи добро испечено лепче на тост кое ќе ги спречи натамошните грчеви и болки.
Анасон
Анасонот е богат со антиоксиданси кои благотворно делуваат врз здравјето на целото тело. Познат е и по своите карактеристики кои спречуваат надуеност и гасови, како и поттикнувач на исфрлањето на токсините од телото. Секој ден изедете пола кафено лажиче од неговите семчиња или малку исечкан свеж корен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.