МЗТ Скопје повторно загуби на неверојатен начин на гостување во Србија, овојпат против Мега Лекс со 70-82, иако имаше предност од цели 20 поени.
Скопјани водеа со 28-8 и потоа како да исчезнаа од паркетот за убедлив пораз. Од плус 20 до минус 12 за трет пораз во Јадранската Лига. И на претходното гостување во Србија против Партизан металците водеа со 11 поени разлика, но и тогаш си заминаа со пораз од 69-72.
Предраг Самарџиски кој играше за МЗТ Скопје до лани беше нерешлива енигма за поранешните соиграчи и забележа даб-дабл за Мега Лекс од 22 поени и 10 скока. Кај МЗТ најефикасни беа Љубичиќ и Луковиќ со по 16 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.