| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Битола: Најблиските му ја киднапирале вереницата, па и извршиле присилен абортус

Во редакцијата на Инфомах се јавил битолчанецот Ердоан Алиоски – Еди кој бара помош од институциите.

edi-bt

Имено тој пред пет месеци ја запознал Ангела К. од Битола со која што по кратко време му станала вереница. Поради религиозната различност родителите на Ангела не дозволувале да се склучи брак помеѓу двајцата, па во два наврати ја киднапирале.

-Под приговор дека ќе дозволат да се венчаме и да се смират работите на мојата вереница и кажаа да се врати дома и да и купат подароци за свадбата која што планиравме да ја правиме на 15 септември. Ангела појде кај нејзините родители по што заминаа во Скопје, од тогаш не ја видов” вели Алиоски.

Најпрво пред два месеци ја киднапирале, но успеала да избега од дома и да се врати кај својот верени, а после на 8 минатиот месец во близина на Даути комерц во Бутел ја киднапирале повторно родителите и ја однеле во куќа во с. Белимбегово. За овој настан имало и записник од полицијата.

Алиоски вели дека неговата вереница е бремена 3 месец, но не знае дали е жива, дали е мртва, не знае ништо што се случува, институциите молчат за настанот иако родителите потпишале дека ќе ја вратат кај вереникот.

mlada_vjencanje_plac_649847157

-Ангела е бремена, сега веќе трет месец, таа нема пристап до телефон или компјутер за да ми пиши или да се јави, пред неколку околу 20 денови таа ми се јави на телефон од кај мајка е и плачеше ме молеше да дојдам да ја земам, но како можам јас тоа да го направам. Не знам зошто молчат институциите, таа е запишана и на факултет каде што и ја запросив, барам полицијата и останатите институции да реагираат и да ја вратат мојата вереница…” додава тој.

Алиоски за Инфомакс дека живее во надеж секој ден легнува и секој ден станува со мисла за неговата бремена вереница, и покрај се тој се надева дека институциите ќе го одработат случајот по закон поради тоа што Ангела е полнолетна, има право да одлучува сама кој ќе и биде сопруг…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top