| четврток, 6 декември 2018 |

Во август издадени 206 одобренија за градење

Во август годинава  издадени се 206 одобренија за градење, што е за 32,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 339 станови со вкупна корисна површина од 30.233 метри квадратни.

Screenshot_1

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 111, односно 53,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 43 или 20,9 отсто за нискоградба и 52 (25,2 отсто) за објекти за реконструкција. На 115 од објектите (55,8 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 91 или 44,2 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 3,616 милијарди денари што е за 299,8 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top