| четврток, 6 декември 2018 |

Не е шега: Човек кој се вика и изгледа како Дедо Мраз сака да стане градоначалник на Северниот Пол (фото)

Целиот свет зборува за него: за човекот кој навистина се вика Дедо Мраз и кој сака да ја заземе фотелјата во градот во кој живее цел живот. На Аљаска.

дедо мраз1

Не, не е новинарска спин вест!

Човекот  кој официјално се вика Дедо Мраз и кој живее (верувале или не) на Северниот Пол сака да стане градоначалник или барем  дел од градското собрание во неговиот град.

Мислите дека се шегуваме? Ниту малку. Впрочем, за него пишуваат сите западни медиуми. А тој изгледа токму вака!

прави деда мраз

Имено, во американската сојузна држава Аљаска постои градче кое се вика Северн Пол. А во тој град навистина живее човек кој официјално (пред извесно време)го смени името во Дедо Мраз.

Тој порано бил претседател на здружение  на бизнисмени  на ова гратче (низ кое инаку поминува гасовод и нафотовод во Канада и САД) и се залагал за легализација на марихуаната.

дедо мраз 3

Сега, Дедо Мраз сака да стане градоначалник или барем член на градското собрание. Единствениот противник му е Ла Неа Белами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top