| четврток, 6 декември 2018 |

Кастро: Куба ја поддржува Северна Кореја

Fidel-CastroФидел Кастро, осумдесет и шест годишниот претседател на Куба, ја објави својата прва статија по деветмесечното молчење. Тој во книгата објавена денеска повикува за воздржаност на Корејскиот Полуостров. Зборува и за тешките последици од евентуалната нуклеарна војна, која од Азија може да се прошири насекаде низ светот.

Куба ја поддржува Северна Кореја. Куба ќе продолжи да и биде сојузник. Но го повикувам Пјонгјанг да размисли за интересите на своите пријатели – пишува Кастро.

Тој додава дека доколку избувне војна, американскиот претседател Барак Обама ќе стане „најзлокобната фигура во историјата на САД“. За него ситуацијата на Корејскиот Полуостров е „неверојатна и апсурдна“ . Смета дека постои еден од најсериозните ризици за почеток на нуклеарна војна по Карипската криза во 1962 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top