| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк тргна по стапките на Мајами, во рушење на рекордот на Лејкерси

Њујорк никс тргна по стапките на Мајами, сезонава и сака да го сруши рекордот од 33 победи во низа на Лос Анџелес лејкерс. Никс ја забележа 11. победа во серија, го совлада Милвоки со 101-83, а за подвиг ќе им требаат 7 триумфи во низа во регулраниот дел и сите победи во плејофот. Кармело Ентони им е адут, а крилото на Њуорк игра во голема форма. Со 41 поен го израмни клупскиот рекорд на Бернард Кинг, од три натпревари едноподруго со 40 или повеќе поени.

Њујорк со победа ја прослави ноќта, во која пред 40 години ја освои последната титула во НБА, а серијата од 11 победи им е трета најдолга во клупската историја. Против Милвоки, одлично одигра и Џеј Ар Смит. Некогашниот соиграч на Ентони од Денвер даде 30 поени и му помогна на Ентони да го изрешетаат кошот на Милвоки. Кармело сега е втор стрелец во Лигата со просек од 28,3 поени и минимално засотанување зад Кевин Дјурент од Оклахома кој дава 28,4 поени по натпревар.

И тој покажа дека нема лесно да го препушти тронот со 34 поени против Индијана, во победата на Оклахома од 97-75.  Тимот води мртва трка со Сан Антонио за првата позиција во западната конференција. Двата тима имаат ист ефект од 56 победи и 20 порази, на 6 натпревари до крајот на регулраниот дел.

Резултати: Њујорк – Милвоки 101-83, Атланта – Филаделфија 101-90, Бостон – Кливленд 91-97, Индијана – Оклахома 75-97, Минесота – Торонто 93-95, Чикаго – Орландо 87-86, Шарлот – Мајами 79-89, Јута – Њу Орлеанс 95-83, Сакраменто – Далас 108-117, Феникс – Голден стејт 107-111, Портланд – Хјустон 98-116, ЛА лејкерс – Мемфис 86-84.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top