| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан тетовец кршел реклами по поразот на Албанија од Србија

Дваесет годишниот Б.М. од Теарце вчера вечерта го нарушил јавниот ред и мирна улица „Илинденска“.

skrseno staklo

-По завршувањето на квалификациониот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Албанија и Србија, кој организирано се следел на тетовскиот плоштад, движејќи се по улица „Илинденска“, во забележително алкохолизирана состојба, тој со раце скршил две банкарски светлечки реклами, информираат од СВР Тетово.

При тоа, Б.М. се самоповредил, по што е приведен, укажана му е лекарска помош во тетовската клиничка болница и потоа изготвени му се два платни налози по член 5 и 6 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top