| четврток, 6 декември 2018 |

Португалија без Роналдо патува за Белград

По синоќешната победа над Данска од 1-0 во рамките од квалификациите репрезентацијата на Португалија на оствари целта и се пласираше на Европското првенство 2016 година.
Селекторот Фернандо Сантош на последниот меч против Србија ќе ги одмори Кристијано Роналдо, Тијаго и Рикардо Карвалјо. Тој ќе им даде можност на некои фудбалери кои немаа доволна минутажа во досегашниот тек од квалификациите.

– Таков беше договорот. Доколку ја завршиме работата против Данска, да им дадам одмор на некои фудбалери кои понесоа голем товар во квалификациите, а да повикам неколку нови, кои ќе добијат шанса на последниот меч. Овој ритам е навистина напорен и ние сакаме да им дадеме одмор на дел од нашите искусни фудбалери – изјави Фернандо Сантош.

Србија ќе ја пречека Португалија в недела, во последното коло од групата И.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top