| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Јас сум „нормалниот“ тоа нека биде мојот нов прекар

Германскиот тренер Јирген Клоп кој ги прифати условите од управата на Ливерпул да ја преземе менаџерска функција, од денеска и официјално стартува со работата.
Тој најпрвин одржа прес-конференција во која ги сподели со новинарите своите цели и размислувања за иднината на тимот.

jirgen klop 1

– Не дојдов овде само затоа што Ливерпул ме бараше, искрено верувам во потенцијалот на овој тим, кој поседува бројни квалитетни фудбалери. Треба да работиме напорно и да оствариме резултати. Секако дека е важно да се победува, но за мене е значаен и начинот на кој се победува, сакам да играме со многу желба, публиката ќе знае да го цени тоа – изјави германскиот тренер.

– Трофејниот стратег против себе ќе има бројни врвни стручњаци, еден од нив е актуелниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо.

– Тој е „специјалниот“, а јас сум „нормалниот“’. Тоа нека биде мојот прекар – со насмевка коментираше Клоп.

jirgen klop 2

Им се оствари голема желба на сите фанови на „црвените“ токму Јирген Клоп да биде наследник на Брендон Роџерс кој заработи отказ поради слабите резултати. Тој си постави за цел во следните четири години да ја освои премиерлигата

– нам дека сега сите се позитивни и насмеани, но тоа не е премногу важно. Сум сфатил дека најважно е како ќе се чувствуваат дента кога ќе заминам. Моја задача е да остварам резултат што ќе трае и ќе остане запаметен и по моето заминување. Можеби е прерано за прогнози, но верувам дека ако останам овде четири години, ќе освоиме барем една титула во Премиер-лигата – вели Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top