| четврток, 6 декември 2018 |

На Лезбос нема веќе место каде да се погребат емигрантите

На грчкиот остров Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани емигрантите што се удавиле во Егејско Море додека се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат грчки медиуми.

На гробиштата „Свети Пантелејмон“ досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.

– Веќе нема останато место на гробиштата дури и каде што е одредено да се погребуваат сиромашни покојници – вели Христос Мавридакис, шеф на едно од главните гробишта на островот. – Нешто треба да се направи. Тука има многу, премногу гробови – нагласува тој.

Грчки медиуми јавуваат дека никој веќе не може да каже каде ќе бидат погребани следните покојници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top