Лионел Меси и Нејмар не играа за Аргентина и Бразил на стартот од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018, што ги чинеше гигантите на светскиот фудбал болни порази од Чиле, односно од Еквадор. Без фудбалерите на Барса, Бразил и Аргентина се фарса.
Чиле со головите на Варгас и на Санчез ги надигра „кариоките“ и славеше со 2-0, а уште поголема сенација приреди Еквадор со идентичен триумф против Аргентина и тоа на гостински терен. Сепак работите не се толку трагични за двете фудбалски велесили, бидејќи е почеток на квалификацискиот циклус во Јужна Америка.
Еразо и Каиседо со два гола за две минути ја шокираа Аргентина, а лоша вест за „гаучосите“ е што се повреди Агеро, напаѓачот на Манчестер сити. Тој излезе од игра во 24. минута и се уште не се знае дали и колку ќе паузира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателски кандидат во Бразил избоден со нож (видео)
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Конечно дома! По шест часа, Огнените конечно во Загреб (ГАЛЕРИЈА)
-
Луѓе почнаа да колабираат и припаѓаат – со часови се чекаат главните (ВИДЕО)