Ако некогаш сте се запрашале зошто месечарите во текот на ноќната прошетка, никогаш не наидуваат на препрека, резултатите од едно научно истражување би можеле да ви дадат одговор на вашето прашање.
Научниците од Медицинскиот центар NUY Langone, заклучиле дека група клетки во мозокот, задолжени за навигација во текот на ноќта остануваат активни подеднакво како и во будна состојба.
Имено, истражувањето покажало дека мозокот содржи група клетки задолжени за одредување на правецот и позицијата во простор, кои на организмот му служат како компас.
Експериментот врз глувчиња покажал дека активноста на овој посебен вид клетки, не се менува во текот на РЕМ фазата, но и дека споробрановиот сон се забрзува за 10%.
– Способноста за одредување на правецот е есенцијален дел од навиоциониот систем на организмот, кој во момент може да го рестира нашиот внатрешен компас или мапа, што е прилично важно во ситуации како што се излегување од метро или обид за ориентирање во самиот момент. Ова истражување би можело да допринесе за лечењето на одредени состојби кои се манифестираат со пореметување на ориентацијата, како што е Алцахајмеровата болест но и други невролошки оштетувања – вели Ѓорѓи Бузсаки, професор по невролошки науки на Универзитетот во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.