| четврток, 6 декември 2018 |

Војна на ѕвездите: Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша во жестока караница (фото)

Пејачката Марија Шерифовиќ и порача на Јелена Карлеуша дека флејта може да свири само под маса, што ја налути самопрогласената дива.

naslovna

Иако Карлеуша и Марија досега меѓусебно се поддржува, особено откако се двете членови на жирито во едно музичко шоу, евровизиската победничка решила да се пошегува со Јелена, која се навредила.

 

Се почна кога на снимањето на емисијата Карлеуша изјавила дека е инструменталист. Самопрогласената  дива објаснила дека свири флејта  и дека тоа со задоволство ќе го покаже во една од наредните емисии на оваа шоу. На оваа изјава на Карлеуша се надоврзала Марија која коментираше: Јелена ќе свири флејта под маса, што многу ја налути ЈК, бидејќи во жаргон да се свири флејта под маса значи орално да се задоволува маж.

jkms

Карлеуша  не останала должна на овој коментар и бесно и вратила на Шерифовиќ: Не, јас ќе свирам во емисија флејта, а некој друг ќе свири под маса.

Marija-Serifovic-Jelena-Karleusa

Но не е оваа првата провокација од страна на Марија кон колешката Карлеуша. Имено Марија на секое снимање облекува маица со, како што сама изјави, генијални пораки, а така било и пред неколку дена кога носела маица со напис „Не сум луда“ над фотографијата на Јелена, што се стиховите на една песна од ЈК.  Пред тоа прошета со маици со натписите „Бидејќи немам нозе како лепа Брена“, „Подобро пеам од Лепа Брена“ и “Поповиќ, кој?“.

 

marija-serifovic-foto-dragan-kadic-1444292736-757499

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top