| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет години јадела пржени компирчиња и јајца

Од шест години Кејти Лугран поради нарушување во исхраната јадела само пржени компирчиња и јајца. Со помош на терaпијата со хипноза триесет години подоцна Кејти успеала да јаде и некој друг оброк, кој содржел грав, брокола и боранија, пишува „Дејли мејл“ .

Кејти има 37 години и живее во Ковентри – Велика Британија. Таа дури и на сопствената венчавка го јадела истиот оброк со кој се хранела цел живот и признала дека ваквото тешко нарушување ѝ го упропастило животот. Всушност, таа страда од нарушување во исхраната, кое и прави секоја друга храна да ѝ е неподнослива, па така била принудена оброците да ги сведе на една иста храна.

На сопствениот проблем низ животот гледав како на шега. На луѓето тоа од секогаш им беше смешно, јас се шегував на сопствена сметка, така беше наједноставно, вели Кејти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top