Во недостиг на реални аргументи и сè уште под притисок поради учеството на Македонија под уставно име на конференција во Њујорк, официјална Атина повторно го повика „Скопје да престане со иредентизам“.
За време на дискусијата во грчкиот Парламент, која ноќеска заврши со гласање доверба на Владата на Алексис Ципрас, неизбежно беше споменат и проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.
Во своето излагање посветено на надворешната политика, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас потсети дека со Македонија се промовирани мерки за градење доверба.
Никој друг, туку Владата на ПЈРМ прво ги одби, но на крајот се согласи во овие преговори. Но главното, а тоа го кажав и во Скопје, два часа зборував во јавна дискусија, е дека ПЈРМ мора да заврши со својот иредентизам, дека мора на реален и конструктивен начин да се согласи за решение на спорот за името, рече Коѕијас.
Прашања за ставот на Владата во однос на името, поставија лидерот на Нова демократија Евангелос Меимаракис и неговиот сопартиец Јоргос Кумуцакос, кој воедно е договорен за надворешната политика на конзервативците. Кумуцакос праша дали грчката позиција се уште е име со географска одредница за севкупна употреба и дека земјата нема да има напредок во пристапот кон ЕУ и НАТО без решение на прашањето за името. Меимаракис потсети дека „сè уште е на сила одлуката од Букурешт“, истакнувајќи дека владата на Караманлис спречи влез на Македонија во НАТО
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!