НАТО е подготвен да ја штити Турција од каква и да било закана, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.
– НАТО е подготвен да ги брани сите свои сојузници, вклучувајќи ја и Турција- изјави Столтенберг во обраќањето на средбата на министрите за одбрана на Алјансата, што денеска се одржува во Брисел.
Како што јави Анадолија, осврнувајќи се на повредата на турскиот воздушен простор од страна на руски авиони од Сирија во текот на викендот, Столтенберг нагласи дека НАТО веќе ги засилил своите капацитети.
– НАТО одговори со подготвеност да распореди свои сили на југот, вклучувајќи ја и Турција- потенцира Столтенберг.
Столтенберг, кој претходно ги отфрли објаснувањата на Москва дека упадот на руските авиони „не бил намерен, ниту значаен“, истакна дека такви инциденти се случиле во два наврати и „траеле долго“.
– Тоа се многу сериозни инциденти- заклучи Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.