Златното млеко е напиток од древната индиска медицина. Се користи веќе долги години, а според индиското верување, истото е симбол на исцелителната моќ и доброто здравје.
Златното млеко докажано нуди многубројни здравствени благодети: го зајакнува имунитетот, коските, зглобовите и го чува здравјето на речиси сите органи.
Еве како да го направите во домашни услови:
Потребни состојки:
60 мл. вода
2 гр куркума (околу 1/8 супена лажица)
250 мл козјо млеко
30 мл масло од бадем (околу 2 супени лажици)
1 лажица мед
Начин на приготвување:
Зовријте ја водата заедно со куркумата и оставете ја да се вари од 6 до 8 минути. Додадете ги млекото и бадемовото масло и варете повторно додека не зоврие, а потоа мешавината тргнете ја од оган. Откако малку ќе се излади, додадете го медот и пијте го топло.
Добро е да го пиете наутро, бидејќи ќе ве снабдува со енергија во текот на целиот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.