| четврток, 6 декември 2018 |

Направила листа на желби: На Анџелина Џоли ѝ останале уште три години живот

Наспроти тешките операции, актерката не верува дека ќе ги доживее четириесеттите, а составила и листа на желби што сака да ги оствари пред замине засекогаш.

angelina-place

Иако пролетоска превентивно ги отстрани двете дојки за да не умре од рак, како нејзината мајка Маршелин, Анџелина Џоли (38) смета дека нема уште долго да живее.

Изворите блиски до неа тврдат дека актерката е сигурна дека нема да ја доживее 45. година, а верува дека ѝ останале три или пет години живот, пишуваат американските таблоиди. Затоа Анџелина се обидува максимално да го искористи времето што ѝ останало.

120214195.17_xl

Направила листа на цели што сака да ги оствари пред смртта. Таа прави сè за да биде поздрава, но  е уверена,  со оглед на медицинската историја на нејзиното семејство, дека ниту двојната мастектомија нема да ѝ го спаси животот. Кажала и дека ќе ги отстрани и јајчниците бидејќи тестовите покажале дека има ген што предизвикува рак.

The Jolie-Pitts Out In New Orleans

Анџелина беше скршена по смртта на нејзината мајка во 2007 година.

Таа најави дека ќе ја глуми во филм што ќе го продуцира нејзиниот сопруг Бред Пит (49) со кој Анџелина има три биолошки и три посвоени деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top