Мотоциклист, разнесувач на пица, со повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје по сообраќајката што се случи утрово во 11.20 часот.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во несреќата што се случи на крстосницата меѓу булеварите „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, учествуваа две возила и мотоцикл.
Сообраќајот сè уште се одвива отежнато, бидејќи полицискиот увид сè уште е во тек.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.