Турција може да се откаже од енергетски проекти со руско учество, пренесува РИА Новости. Денес претседателот Турција, Реџеп Ердоган, ги коментира случаите на кршење на турскиот воздушен простор од страна на авиони на вооружените сили на најголемата по територија држава.
– Москва треба да биде многу чувствителна за овие проблеми. Ние сме најголемиот клиент на Русија во однос на купувањето на природен гас. Ако Турција се откаже од понудата, тоа ќе биде голема загуба за Русија, изјави Ердоган малку пред да отпатува за Јапонија и додаде дека Турција може да купува гас и од други земји.
Ердоган, исто така, посочи дека Турција може да се откаже нуклеарната централа Акују, да биде изградена од руски експерти.
Руски авиони на неколку пати го прекршија турскиот воздушен простор. До сега Ердоган не ги коментирал инцидентите. Денес тој истакна дека објаснувањата на Москва се неубедливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



