Седницата на Собранието на Косово која неколку пати била прекинувана поради опструкција на опозицијата, повторно е прекината поради големо количество чад. Според приштинските медиуми, салата била преполна со дим од непознато потекло, а наводно за тоа биле одговорни пратениците на опозицијата. Претседателот на ДЛК Исмет Беќири рекол дека опозициските пратеници фрлиле солзавец и истакнал дека тоа не е демократија.
– Солзавец и куршуми, тоа некогаш српската војска и полиција го користише против Албанците, рекол Беќири.
Седницата на косовскиот парламент е одложена претходно откако пратениците на опозицијата излегле пред столицата на собранискиот спикер и го спречиле да продолжи со работа.
Во моментот кога претседателот на парламентот Кадри Весели се обидел да се обрати на новинарите, опозициските новинари го спречиле со гласно свирење и свирчиња.
Тоа бил трет обид да биде одржана седница на парламентот на која премиерот на Косово Иса Мустафа треба да го претстави договорот кој Белград и Приштина го постигнаа во Брисел.
Пред почетокот на седницата пратениците од опозициската Самоопределување и Алијансата за иднина на Косово ја симнале прекривката од уметничките слики во холот на Собранието на Косово, на кои се наоѓаат мотиви од албанската историја, кои биле покриени повеќе од 10 години. Во тоа учествувале и лидерот на Алијансата Рамуш Харадинај и претседателот на Иницијативата за Косово Фатмир Лимај. Тие слики биле покриени за време на реконструкцијата на косовското собрание на инсистирање на српските пратеници и на УНМИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ново продолжение на Собранието за бришење на РМ утре во 11 часот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Предлог законот за амнестија на лицата обвинети за „27. април“ не е усвоен
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово