| четврток, 6 декември 2018 |

Храна за секого- студентска акција го зафати Загреб

Загрепските бездомници неодамна пријатно се изненадени со ќесиња со здрава храна оставени покрај контејнерите. Со храната има и порака на која пишува „Сите сме некогаш гладни, уморни, беспомошни. Се надевам дека со оваа малку храна барем за момент ќе ви го направи денот поубав. Храната е чиста, со добар рок на траење“.

Тоа е идеја на неколку загрепски студенти кои што посакуваат оваа акција да се прошири што е можно повеќе, за да може оние на кои им е најнеопходна помош, да имаат барем еден оброк на ден.poruka-храна

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top