| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција на МВР: Уапсени повеќе лица, вмешани и судии

Македонската полиција спроведува голема акција во моментов. Како што дознава „Прес 24“ од полициски извори, приведени се повеќе лица што се сомничат за серија кривични дела, меѓу кои и нелегална трговија со дрога и оружје, лихварство, изнуди и шверцување емигранти.

apsenje_201322012577

Извори велат дека постојат сомненија дека групата соработувала со одредени судии во еден од судовите низ Македонија.

Во тек е полициска акција i во Арачиново, но сè уште нема информација дали се работи за истата акција.

Од МВР потврдуваат дека се спроведува голема акција, но со детали ќе излезат во текот на денот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top