| четврток, 6 декември 2018 |

ИД употребила боев отров против Курдите

Кудските автономни власти во северен Ирак соопштија дека џихадистите од групата Исламска држава (ИД) употребиле боев отров ­ иперит против борците на курдската Пешмерга.

140619_isil_iraq_mn_905_f8e475

 

Тие тврдат дека во борбите во северен Ирак, ИД употребила минофрлачки гранати наполнети со овој боев отров.

Според курдското Министерство за воени работи, во земените примероци од крвта на 35 припадници на Пешмергата, се најдени траги од сулфурен иперит.

Во соопштението не се даваат други детали, па засега нема информации дали во нападот со иперитот има мртви борци, како и колкумина од нив се ранети.

Иперитот е гас кој ја гори кожата по телото и предизвикува тешки последици врз распираторниот систем кај луѓето.

Боевите отрови се забранети според меѓународното право.

Нападите со иперит гасот биле извршени во борбите кај градовите Махмур и Гвер. Курдите побараа од земјите­членки на антиџихадиситчката коалиција да им испорачаат заштитна опрема за борба со боеви отрови. В

о март оваа година, курдските власти веќе ја обвинија ИД дека употребува боеви отрови на фронтот, а посебно хлор.

Ова не е прв пат, Курдите во Ирак да бидат жртви на напади со боеви отрови. Во 1988 година, во напад на силите на Садам Хусеин со хемиско оружје врз курдското село Халабџа, беа убиени повеќе од пет илјади лица, главно жени, деца и старци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top