| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов: Слушнав разни приказни – сум се предозирал, сум бил пијан и сум срушил семафор

igor

Нѐ пре­че­ка во сво­јот стан со ши­ше сму­ти, во друш­тво на сво­јот та­тко, ма­е­стро Џам­ба­зов, и мач­ка­та Еми­ли­ја. На те­ле­ви­зи­ја одеа сним­ки од ве­ќе по­кој­на­та Ус­ни­ја Ре­џе­по­ва… Кол­ку уба­ва же­на бе­ше. Се се­ќа­вам ко­га на­ста­пу­вав­ме, таа пе­е­ше, јас бев во­ди­тел на не­ко­ја ло­та­ри­ја… На­ви­ра­ат спо­ме­ни­те. По­во­ди за раз­го­вор има мно­гу, а на по­че­ток се не­из­беж­ни оние ми­ли­он му­а­бе­ти што ги слу­ша­ме за не­го, а се да­ле­ку од ре­ал­но­ста и од ви­сти­на­та.

Слуш­нав­ме раз­ни вер­зии за тоа што му се слу­чи на Џам­ба­зов во ју­ни, ко­га за­вр­ши кај Жан Ми­трев…

Џам­ба­зов: За ме­не тоа, на­ви­сти­на, бе­ше го­лем шок. Не де­ка јас не оче­ку­вав де­ка ќе ми се слу­чи та­кво не­што во жи­во­тот по­ра­ди сти­лот на жи­вот што го имав. Зна­ев де­ка ќе ми се слу­чи. Но зна­ев де­ка е по­до­бро да се слу­чи по­ра­но, ба­рем да знам на што сум. Ви­стин­ска сре­ќа е што оти­дов на ви­стин­ско ме­сто, од­нос­но кај тој до­ктор ко­му бе­скрај­но му се заб­ла­го­да­ру­вам, д-р Ха­џи Ни­ко­лов од Ге­вге­ли­ја, кој са­мо ми ги ви­де но­зе­те и ми ре­че ит­но да одам за Скоп­је. Отка­ко оти­дов та­му, не по­ми­наа ни 24 ча­са ко­га од мо­и­те најб­ли­ски стиг­наа 17 сце­на­ри­ја за тоа што, на­ви­сти­на, се слу­чи­ло, од кои ни­ту ед­но не бе­ше точ­но – од тоа де­ка сум се пре­до­зи­рал со хе­ро­ин, до тоа де­ка сум имал ал­ко­хол­но тру­е­ње, па сум ур­нал се­ма­фор, сум се те­пал со по­ли­ца­ец… Сце­на­рио де­ка имам рак, па мо­зо­чен удар, ср­цев удар.. Не­кои ко­ле­ги, ме­ѓу кои и ти, ми за­бе­ле­жи­ја што доз­во­лу­вав да ме фо­то­гра­фи­ра­ат та­ков ни­ка­ков во бол­ни­ца, но тоа бе­ше мо­ја од­лу­ка са­мо за да им по­ка­жам на лу­ѓе­то де­ка ме­не ми се слу­чи­ло тоа што му се слу­чу­ва на се­кој втор-трет чо­век де­не­ска, кој има по­ве­ќе од 50 го­ди­ни и што имал не­ре­до­вен жи­вот, ис­хра­на, мен­тал­на хи­ги­е­на. Од тоа не­ма бе­га­ње. Но, сфа­тив ед­но – од мо­же­би 20.000 по­ра­ки што при­стиг­наа, од си­те раз­ни ве­сти, со мо­и­те најб­ли­ски не ус­пе­ав­ме да про­нај­де­ме по­ве­ќе од три што, иа­ко не беа на­вред­ли­ви, беа од ти­пот „пре­ку гла­ва ве­ќе со тој Игор Џам­ба­зов“… То­гаш ви­дов кол­ку лу­ѓе­то ме са­ка­ат. Мис­лев де­ка по­ле­ка, по­ле­ка си ја рас­и­пу­вам „пе­тка­та“ и де­ка по­ле­ка, по­ле­ка до­а­ѓа­ат не­кои дру­ги, мла­ди. Се по­ка­жа де­ка тоа што сум го пра­вел со го­ди­ни се вре­жа­ло и во мис­ли­те на оваа сред­на ге­не­ра­ци­ја, на по­ста­ра­та да не збо­ру­вам, а нај­го­ле­мо из­не­на­ду­ва­ње за ме­не бе­ше оваа мла­да ге­не­ра­ци­ја за ко­ја мис­лев де­ка не­ма по­и­ма кој сум јас. Бла­го­да­ре­ние на со­ци­јал­ни мре­жи, бев фра­пи­ран кол­ку де­чи­ња од 19 до 20 го­ди­ни зна­ат за ме­не, ме по­чи­ту­ва­ат, ги зна­ат мо­и­те кни­ги, сти­хо­ви, мис­ли…

Интервјуто со Игор Џамбазов можете да го прочитате во најновиот, 162. број на Република, кој е во продажба од петок, 9 октомври 2015 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top