– Моментално имаме градежна офанзива и експанзија секаде во Македонија. Прв пат во историјата се градат три автопатишта- инвестиција вредна преку 800 милиони евра, преку 155 километри автопатска делница. Зборуваме за нови автопатишта, тоа се Демир Капија- Смоквица каде постојано се работи, Миладиновци- Штип одличен автопат кој ќе го намали времетраењето на патувањето, а ќе добиеме една нова автопатска делница и оној најпосакуван од сите граѓани, а тоа е Кичево- Охрид. Тоа се три нови модерни автопатишта, потенцираше Мисајловски.
Покрај автопатиштата кои се преку 800 милиони евра, додаде ресорниот министер, во моментов се рехабилитираат и многу регионални и магистрални патишта.
– Во изминативе неколку месеци започнавме со многу регионални и магистрални патишта. Го почнавме Мокрино- Смоларе, Нов Дојран- Николич, Битола- Буково- Ресен кој е капитален за тоа подрачје, исто така почнавме и со Тетово- Брвеница- Чегране… Во следните два месеци започнуваме и со нови 6 регионални патни правци- Бошков Мост- Дебар, Делчево- Голак, Мелнички мост- Центар Жупа, Лажани- Ропотово- Црнилиште, Кривогаштани- Обршани- Воѓани и Клепач- Новаци. Ова се сите проекти што ги имавме зацртано и како сме ги ставиле во програмата по датуми и по времетраење, така сите ќе се завршат, додаде министерот Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Молчењето околу измените на Уставот е една очајна политика на власта за манипулирање на граѓаните
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда
-
Мисајловски: СДСМ набрзо ќе бидат сменети од власт како најслаба и најнеспособна влада во историјата на Македонија
-
Поделено ВМРО значи поделена Македонија