Претседателот на ФИФА во заминување, Сеп Блатер се повеќе се соочува со огромен број проблеми околу неговото водење на највисокото тело на фудбалот во светот.
Иако ја доби подршката на конгресот во мај, откако излекгоа на виделина големи марвезации во работењето тој по само четири дена си поднесе оставка, но ќе ја врши функцијата се до вонредниот конгрес за избор на нов претседател на крајот на февруари.
Најновата истрага која ја организираше Комисијата за Етика при ФИФА му одреди суспензија на Блатер од 90 дена.
Првиот човек на ФИФА се соочува со огромен притисок да си поднесе оставка, денеска изјави дека тоа нема да го стори до изборите кон крајот на февруари, но Блатер сепак ќе отсуствува од функцијата три месеци.
Во преден план на истрагата беше исплатата на околу два милиони на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, по што била донесена одлуката за суспензија во времетраење од 90 дена.
Останува да се види дали слична истрага ќе отвори и УЕФА против Мишел Платини, кој од друга страна важи за главен фаворит за наследник на Блатер на чело на светската куќа на фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



