Робин Ван Перси кој ова лето се пресели во редовите на турскиот гигант Фенербахче изјавува дека е убеден дека неговата репрезентација ќе се пласира на Европското првенство 2016 година.
Холандија се наоѓа во многу лоша ситуација и пласманот на ЕП не зависи само од нивните игри. „Лалињата“ имаат два бода помалку од Турција на две кола до крајот од квалификациите.
Освен условно победите над Казахстан и Чешка мора да се надева и на кикс на Турција во Прага или во дуелот со Исланд.
– Не ме прашувајте зошто, но јас сум убеден дека ќе загубат. Забележав дека репрезентативците на Турција кои играат за Фенербахче се сигурни дека ќе се пласираат во баражот. Но, јас сум сигурен дека ќе направат кикс – изјави Ван Перси.
Чешка и Исланд со по 19 освоени бода веќе обезбедија пласман на ЕП 2016, а Турците и Холанѓаните се борат за место во баражот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.