| четврток, 6 декември 2018 |

Нолито не сака да се врати во Барселона, следна дестинација е Лондон?

Одличниот шпански фудбалер во редовите на Селта, Нолито воопшто не е заинтересиран да се врати во редовите на Барселона, туку следна негова дестинација би можела да биде Лондон.
Напаѓачот на Селта го привлече вниманието на себе по фантастичните игри, па на адресата на шпанскиот клуб почнаа да доаѓаат бројни понуди.
Меѓу нив е и Барселона, но доколку им се верува на британските медиуми, Нолито сака да се пресели во Арсенал.
Менаџерот на „топчиите”, Арсен Венгер, имаше само пофални зборови за Нолито, а напаѓачот на Селта наводно не ги крие симпатиите кон Арсенал, па во јануари би можел да се пресели на „Емирати”.
Тој беше дел од Барселона во периодот од 2008 до 2011, но не успеа да се наметне, па си замина од клубот. Неговата пазарна вредност е изнесува околу 15 милиони евра, но вртоглаво расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top