| четврток, 6 декември 2018 |

Најтопол септември и со двојнo повеќе врнежи досега

Температурата измерени во Македонија во септември годинава била од еден до четири степени над просечните, а количината на врнежи била поголема за двапати од вообичаеното за овој период.

Информацијата за температурата на воздухот и за количината на врнежи е изготвена според мерењата и податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем за периодот од 1951 до септември 2015 година.

Минатиот месец, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, се одликувал со значително висока температура. Измерената максимална температура ја достигнале апсолутната вредност на петти и 18 септември. Тогаш се измерени 38,4 степени во Скопје, 38,7 во Гевгелија и 39,7 во Демир Капија. Во Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Скопје и Штип била измерена највисока септемвриска температура од 1951 година до денес.

Количеството врнежи, пак, во септември, било во граници од 58 до 183 милиметри, што е за двапати повеќе од просечното, на речиси сите мерни места. Во Демир Капија и во Прилеп наврнал дожд за трипати повеќе, а во Гевгелија за четирипати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top