На Интернетот се шири приказната на човекот кој навел дека бил член на тајното друштво на Илуминатите и на еден сајт напишал како се приклучил, кои се тајните на оваа мистериозна група и што се крие од очите на светот.
Коментарите во врска со оваа приказна се најразлични, некои 100 отсто веруваат во оваа приказна, но голем број се скептични и коментираат дека сето е лага и измама.
Ние ви ја пренесуваме неговата приказна во целост, а вие одлучите дали е вистинита:
„Бев член на Илуминатите 47 години, регрутиран сум кога имав 19 години. На овој сајт споделував различни работи во изминатите неколку години. Информациите што ќе ви ги откријам се многу опасни. Јас сум еден од седумте луѓе во историјата на Илуминатите што го изведоа ритуалот на „заминување“. Знаев дека морам да излезам кога ми открија некои информации на состанокот во јуни 2010 година. Со години живеев во сооднос со верувањата, мотивите и акциите на Илуминатите, но неодамна сето тоа стана премногу за мене и морав да го „згаснам“ мојот свет договор.
Мојата причина зошто пишувам тука е тоа што сакам да ги откријам СИТЕ тајни на Илуминатите. Како се станува член, што прави организацијата и кои им се идните планови. Ќе ги откривам тајните во зависност од вашата заинтересираност и верувањето, не сакам да пропадне сѐ доколку некој нема доволно желба да чита за ова.
Еве само мал преглед на работите што ќе ви ги откријам:
Барак Обама не е член на Илуминатите, тој е нешто многу полошо. Новите „вселенски летала“ се авиони кои накратко можат да влезат во орбитата и не се толку забавни како што изгледаат, тие се орудие на Илуминатите.
Вонземјаните се поинакви од тоа што се пласира во медиумите
Првата тема за која ќе пишувам се подземните бункери. Моментално, постојат 57 подземни бази и бункери ширум САД кои се во употреба за различни намени. Постојат 439 бункери во целиот свет. Сите овие бункери и бази ги контролираат и одржуваат Илуминатите. Најголемиот подземен бункер се наоѓа во Сао Паоло, Бразил. Овој бункер има способност да одржи 5.000 луѓе десет годни. Лично сум бил во овој бункер и многу е поголем од што може и да си замислите. Тој се чува за крајот на светот. Пет илјади најбогати, најпаметни луѓе, како и моќни индивидуи ќе имаат обезбедено место во овој бункер, што значи во случај на глобална термо-нуклеарна војна, природна катастрофа….
Некои други бункери имаат способност да примат голем број луѓе и на подолго време, но ниту еден не е толку голем како овој. Во случај на Трета светска војна, сите светски лидери ќе може да најдат засолниште тука, како и најбогатите луѓе на свет, како Бил Гејст, Ворен Бафет…
Некои од луѓето кои престојувале во бункерите
Лав Троицки – Кога Сталин го порази Троицки и ја обезбеди власта во Советскиот сојуз, Троицки е преместен во подземниот бункер во Швајцарија. Сталин во прво време не знаел ништо за тоа бидејќи доколку не ги исполнуваше налозите на Илуминатите, Троцики ќе се вратеше како лидер на Советскиот сојуз. Беше важно Троицки да биде сместен во тој бункер бидејќи Сталин сакаше да го убие. Сталин на крајот им попушти на Илуминатите, но Троцики бил убиен бидејќи повеќе не им беше потребен.
Абрахам Линколн – Џон Вилс Бут не го уби Линколн. Линколн беше само пион во канцеларијата на претседателството. Илуминатите знаеја дека доколку тој биде избран, Југот ќе се отцепи. Граѓанската војна го направи Северот далеку побогат. Линколн беше поставен само за да почне војна. Тој го направил договор дека кога војната ќе заврши тој ќе биде сменет. Ова беше решено со неговиот лажен атентат, а тој остатокот на животот го поминал во бункер во Мексико.
Садам Хусеин – Хусеин беше на власт во Ирак само за да се најде оправдување за инвазија од страна на САД и другите земји. Садам се наоѓа во бункер некаде во Аргентина. Не знам какви планови имаат со него.
Машините ХААРП се заговор
Сите веќе знаете за ХААРП машините на заговор. Е, па тоа е вистина. Ве уверувам дека машината е комплетно сместена во бункер под вода во Тихиот Океан. Оваа машина е развиена уште во 1980 година, а за првпат била користена кон крајот на деведесеттите. Таа има можност да создаде која било природна катастрофа на кое и да било место што ќе го одберат Илуминатите. Ураганот Катрина е производ на машината ХААРП, а ураганот е користен како диверзија. Додека тоа подрачје беше во хаос, а целото внимание насочено кон нив, биле испратени инженери за да подготват сѐ што е потребно за излевање на нафтата во заливот.
Илуминатите стануваат сѐ побогати помоќни
Уште една работа која е сместена во бункерите е дрогата. Постојат огромни количини кокаин, марихуана, хероин како и сите останати видови дрога која се чува таму. Трговијата со дрога и војната против неа се од суштинско значење за Илуминатите. Како што сѐ повеќе и повеќе се тргува со дрогата и картелите стануваат сѐ помоќни, Илуминатите стануваат сѐ побогати и помоќни. Еден од главните соработници и добротвори врзани за трговијата со дрогата е Ворен Бафет. Сите наркокартели се под негова закрила.
Кој ја контролира Европа?
Никола Саркози е главниот лик. Тој ги контролира речиси сите операции во Европа и Африка. Гордон Браун беше влијателен кај Илуминатите сѐ додека не одлучи да почне да игра на „свој начин“, а тоа е причината поради која е сменет. Моето мислење е дека тој сѐ уште е еден од главните играчи, но со помало влијание од што го имал некогаш. Постојат и неколку африкански трговци со оружје кои неодамна стекнале моќ, но не ги знам нивните идентитети.
Блискиот Исток е под контрола на Бенџамин Нетањаху и тоа не е некое големо изненадување. Сепак, тој нема толку голема контрола како што се мисли. Израел е голема марионетска држава на Илуминатите. Тие ќе сторат апсолутно сѐ што ќе се побара од нив и тоа без размислување. Израел ја даде дозволата да се пука на Иран кога некој и да посака. Контролата на Блискиот Исток е тешка бидејќи има многу бунтовнички групи. Палестина не би требало да биде загрижена. И ако не се под контрола на Илуминатите, тие не се во состојба да сторат што и да било. Иран е граница која секогаш е во спротивност со другите. Тоа е една од причините поради која Израел ќе го уништи Иран и ќе ја започне Третата светска војна.
Путин ја презеде Азија
Азија во целост ја контролира Владимир Путин и неговите соработници. Тој е многу моќен и паметен човек. Сѐ што моментно се случува во Русија мора да пројде кај него. Кине решила да се откаже малку од силата на Илуминатите. Тие соработуваат, само Кина не сака да биде премногу вклучена. Според моето мислење тоа е затоа што чувствуваат дека на крајот Илуминатите ќе бидат поразени. За жал, тие се лажат. На крајот сите ќе се придружат на големиот скеч кој се вика Трета светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.