Утревечер во театарот „Брамптон роуз“ во Торонто, Канада ќе се одржи светското финале на изборот за „Мис глоуб 2015“.
Меѓу 60 финалистки од исто толку држави на 42. издание на интернационалениот избор за убавина, се наоѓа и нашата претставничка, Елена Анѓеловска која победи на изборот за мис на Македонија за „Мис глоуб“
Учесничките веќе три недели се наоѓаат во Торонто, каде се подготвуваат за финалната вечер.
Елена во Канада е со екипа од модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за „Мис глоуб“ и во чија организација е нејзиниот настап на изборот.
Таа на финалето ќе се претстави во креации од Ненад Секирарски, направени специјално за оваа прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По стапките на Мики и Светле: Моника Црнокрак избрана за Мис фотогеничност
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017