| четврток, 6 декември 2018 |

Го нема Гадафи, нема нафта

Либиското производство на нафта падна на 300.000 барели дневно, или помалку од четвртината производство пред падот на Моамер Гадафи. Северноафриканската држава е зафатена со судири на две сепаратистички влади и нивните вооружени сили – едната меѓународно призната влада и друга, како што наведува британската агенција Ројтерс, самопрогласена управа, која го презеде Триполи минатата година.

Files Muammer Gaddafi

Како што наведува Наџи Могхраб, државниот претставник за нафта од меѓународно признатата влада, дневното производство на нафта паднало на 300.000 барели дневно, поради борбата меѓу вооружените фракции и поради затворање на 50.000 километри нафтовод.

Поради расколот во власта во Либија сега има две конкурентски државни нафтени компании. Едната од нив е под контрола на признатата влада, другата под властите во Триполи и двете често даваат контрадикторни извештаи за состојбата со нафтените полиња и нивната контрола.

Пред граѓанската војна во 2011 година, кога беше симнат од власт Моамер Гадафи, Либија произведуваше околу 1,6 милиони барели нафта дневно. Но, во последните неколку години, производството постојано е под половината на тоа ниво.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top