Претседателот на Кипар Никос Анастасијадес и гувернерот на Централната банка Паникос Димитријадес добиле смртни закани поради одлуката да го спроведат наметнатото оданочување на депозитите, поголеми од сто илјади евра во двете најголеми кипарски банки.
Писмата се потпишани од „Групата за спас на депозитите“ која се заколнала дека ќе се залага за да ја добијат казната до смрт.
– Ве предупредуваме дека не блефираме. Ќе почнеме со вашите внуци, потоа ќе преминеме на вашите деца, а за крај ќе ве оставиме вас, за да ве боли, толку колку што не боли нас, стои во заканата.
Анонимните претставници на групата наведуваат дека „не припаѓаат на ниту една партија, ниту организација“, но се колнат дека Анастасијадес и Димитријадес ќе умрат.
Весникот „Политис“ наведува дека од летокот, кој и е предаден на полицијата, јасно се гледа дека неговите автори „се подготвени на злосторство и дека дури имаат луѓе за негово извршување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


