Времето утре во Македонија ќе биде облачно. Претпладне врнежите ќе бидат во западниот дел од земјата, а во попладневните часови врнежи со слаб и умерен интензитет ќе се прошират насекаде. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови облачно со повремен слаб до умерен дожд и претежно североисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Од утре па се до крајот на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови од Медитеранот. Времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни, особено на југ каде што ќе бидат проследени и со ретки грмежи. Утре врнежите ќе продолжат и преку ноќта и на повеќе места ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен.
За време на викендот повторно се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.