Габриела Епштајн (21) од Квинсленд има скоро 700.000 следбеници на Инстаграм и благодарение на таа социјална мрежа таа заработува илјадници долари.
Популарноста на Инстаграм и секојдневното објавување на фотографии може да ви донесе повеќе пари отколку да работите, тврди девојката од Австралија која одлично заработува благодарение на фотките кои ги објавува.
Имено, кога личноста на Инстаграм собере повеќе од 100.000 фанови, големите компании започнуваат да го забележуваат тој профил. Тие ги користат профилите на тие луѓе за да се рекламираат, а често покрај плаќањето делат и подароци за промовирање на нивните производи.
“Дефинитивно повеќе заработувам од Инстаграм отколку кога работам. Пред половина година често патував во Бризбејн поради работа. Откако ќе платам 20% на агенцијата и сите даноци, како модел ми останува многу малку”, вели таа.
Таа на својот профил рекламира облека, накит и козметика кои се вклучени во објавите кои се однесуваат на нејзиниот секојдневен живот. Некои нејзини фотографии имаат и повеќе од 25.000 лајкови.
Ангажманот е клуч за компаниите кои плаќаат по неколку стотина долари за само еден пост. Маркетингот кој го прави во неколку недели за одредени компании и донесува заработка од неколку илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.