| четврток, 6 декември 2018 |

Директно од орманот: Бекам откри тајна за неговата сопруга Викторија

Дејид и Викторија Бекам со текот на годините и нивниот брак, кој трае 16 години, се здобија со статус  на глобални стилски икони.

-Upload--Vesti-bekam_2014621123727

Сепак, тоа не значи дека оваа двојка дели ист пристап кога е во прашање гардеробата, особено кога станува збор за пакувањето.

– Јас сум еден од најдобрите за пакување. Опседнат сум со тоа да бидам подготвен и сè да биде на свое место. Имам одлична организација кога треба да се подготвам за пат – открил Дејвид.

Но, тој е целосно спротивен од неговата сопруга Викторија.

– Имам пријатели што ми префрлаат и се шегуваат со мене. Мојата сопруга сè прави во последен миг и никогаш не е организирана како мене – признал Бекс.

Screenshot_1

Викторија можеби не е професионалка во пакувањето, но дефинитивно има импресивна  гардероба, поради која можеме да замислиме  каква борба води за да одбере што ќе спакува за на пат.

Сеедно, Дејвид би сакал да ја види подготвена навреме барем еднаш, а како што самиот изјавил, на неа не ѝ е потребно многу за да блеска.

Screenshot_1

 

 

– Јас најмногу сакам и ми е најубава кога таа ќе облече  фармерки и патики. Понекогаш знае да ги облече старките на нашиот син, но најмногу ја сакам во спортски патики бидејќи тогаш ми изгледа толку многу кул – признал Бекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top