| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Парламентарни избори ќе има ако тоа е во интерес на Србија

вуциц

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе донесе одлука за парламентарни избори, ако тоа е во интерес на Србија, а не врз основа на лични, партиски или други интереси.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе бидат закажани парламентарни избори ако претстојниот извештај за напредокот на Србија за членство во Европска унија е позитивен, посочи дека не донесува одлука за избори врз основа на дневните политичките настани.

– Верувам дека тоа ќе биде еден добар извештај, коректен и исклучително позитивен- истакна Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top