Пипа Меккини ги замолила своите пријатели на „Фејсбук“ да ѝ помогнат да го пронајде момчето со кое една вечер поминала во страсна прегратка, но погрешно го запишала неговиот број.
Пипа на својот профил ја поставила фотографијата на момчето со кое се бакнувала, а потоа социјалните мрежи буквално „експлодираа“, бидејќи ја споделуваа фотографијата на момчето во надеж дека ќе го пронајдат.
– Се вика Мет и е од јужниот дел на Манчестер. Може ли некој да ми помогне – напишала Пипа.
Нејзиниот пост бил „лајкуван“ повеќе од 15.000 пати, а имал и преку 3.000 коментари.
Меѓутоа, кога момчето било пронајдено, извесен Мет, се дознало дека има девојка. Неговата девојка Емили дознала за фотографијата, а потоа се појавиле низа негативни коментари на сметка на Мет. Пипа контактирала со Емили и ѝ рекла дека ѝ е жал што предизвикала проблеми.
Приказната не би се проширила насекаде доколку светските медиуми не ги вмешаа прстите и не се обидоа да ѝ помогнат на Пипа.
На крајот на овој интересен љубовен триаголник, Мет останал без девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.