Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сè уште не ја подигнал, ниту, пак, ја употребил дипломатската патна исправа, која во согласност со закон и дискрециското право на министерот му била доделена од Министерството за надворешни работи.
– Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните, сосема е очекувано СДСМ преку своите медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, решив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа – вели Мијалков.
Тој истакна дека продолжува да се бори за интересите на Македонија и на македонскиот народ.
– Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани, па нема ниту сега – вели Мијалков.
Поранешниот директор на УБК е убеден дека граѓаните во април јасно ќе му порачаат на СДСМ што мислат за неговата деструктивност, исто како што му порачуваа во изминативе 10 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.