| четврток, 6 декември 2018 |

Мијалков и Протогер биле главна мета на фалсификаторите

Мијалков и Протогер биле главен таргет на фалсификаторите. Според извори на телевизијата „Алфа„ во подготовка биле фалсификати и за други функционери од врвот на партијата.

Поранешниот шеф на УБК Мијалков бил меѓу најчестите имиња на лажните документи од швајцарски банкарски сметки кои полицијата ги пронајде во фабриката за фалсификати, дознава „Алфа“. Биле пронајдени банкарски изводи каде според истрагата осомничените вметнувале имиња. Готова лажна трансакција од 50 милиони евра веќе била изработена на името на Мијалков, а со неа сакале да го деградираат поранешниот висок полициски функционер и во јавноста да покажат дека со ваква огромна сума располага шефот на тајната полиција. Трансакцијата веќе била испратена до некои медиуми.

Покрај Мијалков и Мартин Протогер, советникот на Премиерот, бил примарна цел на фалсификаторите. Лажен бугарски пасош на име Протогер не било единственото нешто со што требало да биде омаловажен, туку во компјутерите биле пронајдени и монтирани телефонски разговори со Протогер, а дел од нив требало да се објават во „Буре весник“ чиј администратор бил прво осомничениот, утврдила истрагата на обвинителството и организиран криминал на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top