| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ја предупреди Русија да не го расипува пријателството со Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Едоган ја предупреди Русија дека ќе загуби многу, доколку го расипе пријателството со Анкара и нагласи дека Турција нема да седи со скрстени раце ако и натаму руски борбени авиони го нарушуваат нејзиниот воздушен простор.

ердоган

 

– Нападите врз Турција значат напади врз НАТО – рече Ердоган на заедничка прес-­конференција во Брисел со белгискиот премиер. ­

– Нашите добри односи со Русија се познати. Но доколку Русија загуби пријател како Туција со кого ќе соработува за многу прашања, таа ќе загуби многу и треба да биде свесна за тоа, -нагласи турскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top