Во Подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани до денеска, претпоследниот ден од продолжениот рок за поднесување барања од пензионерите за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен одмор се поднесени 312 барања.
Од Подрачната единица на фондот информираат дека барањата се претежно од пензионери со ниски примања, кои досега не ја користеле оваа мерка на Владата и Министерството за труд и социјална политика.
Поголем дел од пензионеритеод Кочанско се заинтересирани за бањско-климатска рекреација за што се поднесени 240 барања, додека помал дел од барањата 72 , се однесуваат за користење на бесплатен викенд.
Инаку, од Подрачната единица на фондот за пензиско и инвалидско осигурување од Кочани информираат дека годинава 150 пензионери со ниски примања ја користеле услугата бесплатна бањско-климатска рекреација, а додека 95 пензионери услугата бесплатен викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



