| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Кардашијан јавно му честиташе роденден на еден маж од Црна Гора кој ѝ еден од најблиските пријатели (фото)

Голем број мажи ширум светот би сакале за роденден да добијат честитка од некоја нивна омилена позната личност.

kim-kardasijan-1436788156-63254

Сигурно е дека еден од најголемите фанови и обожаватели на Ким е токму тој, а неговото име е Марио Дедивановиќ. Марио  не е „обичен“ маж од Црна Гора, бидејќи тој не само што е приватно туку е и професионално поврзан со најпопуларната реална ѕвезда, Ким Кардашијан.

Марио по потекло е од Црна Гора, но веќе неколку години наназад е шминкер и стилист на познатата реална ѕвезда. Неодамна го прославил својот роденден, а Ким решила нејзината честитка да ја објави јавно.

„Му посакувам среќен роденден на еден од моите најблиски пријатели и мој незаменлив шминкер. Зарем не сме слабички тука? (тоа е само пред година и пол). Марио, ти го креираше мојот карактеристичен гламурозен изглед и  и мојата љубов кон шминкањето е инспирирана од тебе. Ме научи на сите трикови што ги знам. Толку многу сум ти благодарна што си во мојот живот! Не можам да дочекам наскоро да прославиме“, напишала Ким на нејзиниот профил на „Инстаграм“ до нивната заедничка фотографија.

Screenshot_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top