Барселона со мачи со повредите на клучните играчи во тимот од почетокот на сезоната. Капак на тоа е и повредата на најдобриот играч на „каталонците“ Лионел Меси кој мора да отсуствува неколку недели надвор од терените.
Тоа и тоа како се чувствува во играта на Барса која се мачи со реализацијата.
Доцна синоќа, клубот доби информација од лекарскиот тим која ќе ги воодушеви сите во тимот и секако големата армија на навивачи.
Рехабилитацијата на Меси оди според најдобар план, и многу е веројатно дека тој ќе биде одготвен за дербито против Реал Мадрид. Тој доживеа повреда на натпреварот со Лас Палмас, а првичните прогнози беа дека ќе отсуствува од терените до осум седмици, но се чини дека ќе биде во составот на „каталонците“ во првото „Ел Класико“ кое се игра на 22.ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


