Францускиот репрезентативец во дресот на Реал Мадрид, Карим Бензема не го крие незадовоството кон новиот тренер Рафа Бенитез по воведните сеудм кола во шпанкската Примера дивизија.
Тој го игра најдобриот старт на една сезона откако е дојден во Реал Мадрид пред шест години, и за седум натпревари има постигнати шест гола.
Сепак Шпанецот на клупата не му ја укажува целосната доверба бидејќи тој е заменет на шест натпревари од првите во првите седум кола.
– Измените се нешто за кое одлучува тренерот на тимот, и вистина е дека ми се смачи на секој натпревар да бидам заменуван. Секогаш на електронската табла се појавува бројот „девет“ и прашајте го Бенитез зошто е тоа така. Правам напори да сум мирен, и да не бидам заменуван за време на натпреварите – изјави Карим Бензема.
Французинот беше заменет и во градското дерби против Атлетико Мадрид ви 77. минута и на негово место влезе Матео Ковачиќ, но тоа не се покажа како добар потег на Бенитез бидејќи „јорганџиите“ постигнаа гол во 83.минута, а можеше и многу лесно „кралевите“ да го загубат натпреварот ако на голот не беше Кејлор Навас кој успеа да одбрани еден тежок удар на Џексон Мартинез во самиот финиш од натпреварот.
– Бензема играше одлично, но сакав да ја освежам напаѓачката линија. Со брзината на Герет Бејл, и нападите на Кристијано Роналдо тимот играше избалансирано и напаѓаше – изјави Бенитез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)